Американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму е во одлична здравствена состојба, изјави лекарот од Белата куќа Шон Барбела во извештајот објавен во неделата, два дена откако американскиот претседател беше подложен на рутински преглед во петокот.
Извештајот е најдетална информација за здравјето на Доналд Трамп (78) откако тој се врати во Белата куќа во февруари како најстариот човек што ја презеде функцијата претседател на САД.
„Претседателот Трамп покажува одлично когнитивно и физичко здравје и е целосно способен да ги извршува должностите на врховен командант и шеф на државата“, напиша Барбела во извештајот.
Пред прегледот, тој на платформата „Тут Соушал“ напиша дека никогаш не се чувствувал подобро, но дека „овие работи мора да се направат!“.