Организаторите на мастерс турнирот Индијан Велс (кој стартува на 5.март), ја објави листата на учесници на која е и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Натпреварувањето и минатата година беше на списокот на Новак, беше еден од само четирите мастерси (заедно со Монте Карло, Рим и Шангај) на кои играше во 2024 година. Сепак, не се прослави, бидејќи загуби веќе во третото коло од Италијанецот Нарди, но минатата сезона имаше други приоритети.
Но, минатата година на Ѓоковиќ најважни му беа Олимписките игри, за нив ја чуваше енергијата, па во Индијан Велс дојде далеку неподготвен. Од полуфиналето на Австралискиот опен до овој мастерс не одигра ниту еден меч, а петнеделната пауза се одрази на неговата игра и резултат.
ATP1000 Indian Wells entry list – main draw + alternates, via @DartsTennis pic.twitter.com/McvbwWQVuW
— Michal Samulski (@MichalSamulski) February 4, 2025