Природни или вештачки, раскошни или скромни, елките чинат од 1.400 до 20.000 денари

69

Новогодишните елки, пластични или природни, во претпразничниот период се најактуелни. Тие повторно ќе ги красат домовите на скопјани за претстојните новогодишни празници. Во продавниците веќе на големо се продаваат не само елки туку и лампиони и други новогодишни украси. Елките ги има во најразлични големини и бои: зелени и снежнобели, приспособени за сечиј вкус. Секој според желбата, но и според длабочината на џебот, ќе се определи за зелена или за бела елка, за пластична или за природна, за помала или за поголема, кои чинат од 1.400 до 20.000 денари 

Новогодишните елки, пластични или природни, повторно се актуелни во претпразничниот период. Тие повторно ќе ги красат домовите на скопјани за претстојните новогодишни празници. Во продавниците веќе на големо се продаваат не само елки туку и лампиони и други новогодишни украси.

Елките ги има во најразлични големини и бои: зелени и снежнобели, приспособени за сечиј вкус. Секој според желбата, но и според длабочината на џебот, ќе се определи за зелена или за бела елка, за пластична или за природна, за помала или за поголема. Секако дека и компаниите ќе ги украсат своите големи холови со големи новогодишни елки. Изгледа дека тие годинава ќе бидат најбројни купувачи и на елки и на новогодишни украси, со оглед на намaлeната купoвна моќ на граѓаните.

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека годинава нема да продаваат природни елки, бидејќи сè уште се мали и нема да може да се украсат.

– Елки немаме ниту во едниот ниту во другиот расадник. Годинава, тие нема да се продаваат. Оние што ги имаме се многу мали и не се пораснати за китење – истакнаа од претпријатието.

За разлика од ЈП „Паркови и зеленило“, градинарскиот центар „Фоја“ вели дека веќе има заинтересирани купувачи на природни елки. Во зависност од висината, тие чинат од 1.400 денари, оние што се високи до 80 сантиметри, до 2.500 денари, оние што се со висина од 1,80 до 2 метра, а има елки и од 3.500 денари, кои се високи 2,5 метри.

Тие се продаваат во саксија за да може, по новогодишните празници, да бидат насадени во двор.

Од „Атлантик комерц“ велат дека, во зависност од квалитетот, густината на гранките и од висината, кај нив елките се продаваат по цена од 1.500 до 6.000 денари.

Цените на лампионите за китење на елките се движат од 60 до 200 денари, а исто толку чинат и разновидните новогодишните украси.

Но, велат дека оние што купуваат гледаат да поминат поевтино за разлика од претходните години, кога се трошело повеќе.

Во „Меркур“ пластичните елки чинат од 5.000 денари до 10.000 денари. А, има и многу големи и раскошни, кои се продаваат и по цена од 20.000 денари.

Пластичните лампиони таму се продаваат по цена од 50 до 150 денари, додека стаклените – од 150 до 300 денари. Новогодишните украси се продаваат по цена од 50 до 300 денари, но има и такви што чинат и 1.000 денари. За разлика од „Атлантик комерц“, во „Меркур“ велат дека годинава има интерес за купување елки и на новогодишни лампиони и украси.

– Веќе 70-80 проценти од украсите се распродадени, а и елките се прикрај – потенцираат од „Меркур“.

(А.П.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ