Природна смрт или нешто друго? Шпанец добил 1,2 милиони евра на лотарија, а потоа е пронајден мртов!

73

Шпанецот Емилио Лускињос Мартинез, кој доби 1,2 милиони евра на лотарија, е пронајден мртов во својот дом во градот Коруња, соопшти денеска локалната полиција.

Шеесет и осумгодишниот Мартинез освоил 1,2 милиони евра на шпанската лотарија Бонолото пред три месеци, а неговите пријатели повикале полиција откако неколку дена не можеле да стапат во контакт со него.

Противпожарните екипи и полицијата го пронашле во неговиот дом во Коруња, а лекарски тим констатирал смрт на лице место, пренесува порталот 20минутос.

Сè уште не е позната точната причина за смртта, но во моментов се верува дека Мартинез починал од природна смрт.

Според порталот, Мартинез немал семејство, а откако добил лотарија, ги поканил пријателите на вечера, а потоа купил билети за мечот на фудбалскиот клуб Депортиво во Тенерифе во декември. Исто така купил и билети за натпреварот на ФК Малага оваа недела.

ИЗДВОЕНИ