Природен колаген во зрно: Житарка која треба почесто да ја консумирате – ги зајакнува коските, ги штити цревата и подмладува

66

Житарка која ја има во секоја кујна и е преполно со колаген: ги зајакнува коските, ги штити цревата и подмладува, јадете го почесто

Колагенот е еден од најважните протеини во човечкото тело кој се наоѓа во коските, кожата, мускулите, тетивите и ‘рскавицата.

Јачменот е нутритивно богата житарка која како да е засенета од другите, попопуларни видови. Сепак, уште од античко време е позната како храна која лесно се вари, содржи многу растителни влакна, поради што е добра за раздвижување на цревата, а на организмот му обезбедува есенцијални витамини како што се витамините Б, А и Е.

Исто така, јачменот содржи голема количина на лизин, аминокиселина која активно учествува во синтезата на колаген. Оваа супстанца е градежно ткиво на зглобовите, ‘рскавицата, но и ноктите, косата и кожата. Ова може да помогне да се одржи еластичноста на кожата и да се спречат брчките. Излупените зрна од јачмен се нарекуваат бисерен јачмен поради нивниот посебен сјај и можат да се подготват на неколку начини, а еден од најлесните е кашата.

Состојки:

2 чаши излупен јачмен
4 чаши вода вода
6 чаши млеко

Подготовка:

Истурете вода во садот со житарки и оставете ги преку ноќ. Следниот ден исплакнете и процедете, а потоа истурете ги житарките во загреаното млеко. Оставете го млекото да зоврие, па покријте, намалете ја топлината и варете на тивко околу час и половина.

ИЗДВОЕНИ