Припадник на српската жандармерија, чие име и е познато на редакцијата на српскиот весник Данас изјави дека на 15 март на големиот протест во Белград биле распоредени неколку звучни топови.
Како што истакнал за медиумот, еден од уредите бил поставен зад зградата на Народното собрание.
„Уредот беше поставен на хаубата на нашето возило Defender, кое колоквијално го нарекуваме ‘Индијанец’. Тоа е Defender без покрив. До возилото стоеше оператор задолжен за управување со уредот. Покрај тоа возило, уште едно слично возило со идентичен уред беше паркирано лево. Тие ни објаснија дека уредите ќе се користат доколку е потребно и како да се однесуваме во случај на активирање“, вели изворот на Данас.
Опозициската политичарка и потпретседател на српската Партија за слобода и правда, Маринка Тепиќ, објави фотографија од звучен топ од протестот во Белград што се одржа на 15 март 2025 година.
„Десно – собир на студенти и граѓани. Лево – ПОЛИЦАЕЦ ДРЖИ ЗВУЧЕН ТОП на џип во близина на Народното собрание на Државата Србија. Власта им се закануваше по животот на луѓето. Користеле звучни уреди кои ги дистрибуирале низ градот. Затоа го испразнија српското Собрание за да се паркира возилото LRAD 450XL. „На конференцијата во 13 часот ќе ја покажеме сета монструозност на режимот и сите уреди што ги купија за да се справат со граѓаните на Србија“, напиша Тепиќ покрај фотографијата.
Beograd, subota 15. mart 2025.
Desno – skup studenata i građana
Levo – POLICIJA DRŽI ZVUČNI TOP na džipu kod Narodne skupštine države Srbije❗️Vlast je ugrozila živote ljudi.
Upotrebili su zvučne uređaje koje su rasporedili po gradu.
Skupštinu Srbije su zato ispraznili da bi… pic.twitter.com/KCtFvWpqea— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) March 19, 2025
Фотографијата се појави откако Дачиќ, Вучиќ, Вулин и Првото основно јавно обвинителство во Белград изјавија дека полицијата на протестот не употребила звучен топ за да ги растера демонстрантите кои немо им оддаваат почит на загинатите при уривањето на настрешницата.