Припадници на српското МВР уапсија група осомничени за денешните немири пред Собранието на Нови Сад

22

Припадници на МВР во Нови Сад го уапсија П.Д.(54) од тој град, поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење на службена должност, кога, како што се сомнева, на јавен собир пред Градското собрание се обидел да му одземе штит на полицаец.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Основното јавно обвинителство Нови Сад, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Приведени се Г.Ј.(51), Б.Б.(32), В.В.(50) и С.Ѓ. (27), сите од Нови Сад.

Се сомневаат дека при нерегистриран јавен собир пред Градското собрание фрлале јајца, боја и други предмети кон полицискиот кордон кој ја обезбедувал седницата.

Согласно Законот за прекршоци, им е одреден притвор до 24 часа и ќе бидат изведени на распит пред судија во Судот за прекршоци во Нови Сад.

М.Д.(33) се товари и за прекршување на одредбите од Законот за јавен ред и мир или за навреда на службено лице при вршење на службена должност и е изведен на распит пред надлежен судија на Прекршочниот суд.

Полициската управа во Нови Сад трага по уште три лица осомничени за прекршување на одредбите од Законот за јавен ред и мир при споменатиот собир.

За време на собирот пред Градското собрание, повредени се петмина полицајци, од кои едниот има скршена коска на раката.

ИЗДВОЕНИ