Британскиот принц Вилијам откри дека неговиот миленик кокер шпаниел, Орла, често спие покрај неговиот брачен кревет во семејната куќа во која живее со сопругата Кејт Мидлтон и нивните три деца, во близина на замокот Виндзор, објави денеска „Мирор“.
Принцот и принцезата од Велс живеат во куќа со пет спални на имотот Виндзор со нивните три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, а нивното куче Орла е исто така постојано присуство.
Според британските медиуми, малку се знае за приватниот живот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а принцот открил детали од својот дом при посетата на колеџот Војводство во Корнвол, пренесува Танјуг.