Принцот Хари објави дека се повлекува од својата добротворна организација Sentebale заедно со целиот одбор на директори, поради „незамисливи“ внатрешни конфликти.
Како што се наведува, оставката дојде по ескалацијата на конфликтот меѓу претседателката на одборот Софи Чандаука и другите членови, откако од неа беше побарано да поднесе оставка.
Чандаука одби, што доведе до правна битка и до прекин на односите во организацијата, јавува Би-Би-Си.
„Со тешко срце поднесовме оставка од нашите улоги како покровители на организацијата до понатамошно известување, во знак на поддршка и солидарност со одборот кој мораше да го стори истото. Поразително е што односите меѓу одборот на добротворната организација и претседателката се влошија до неправилно, создавајќи неодржлива ситуација“, рече Хари во заедничката изјава со принцот Сеиса, соосновач на Сентебале
Тие додадоа дека поверениците „дејствувале во најдобар интерес на добротворната организација“ барајќи од Чандаука да поднесе оставка, но дека нејзината одлука да преземе правни мерки за да ја задржи својата позиција „дополнително ја истакнува нарушената врска“.
Чандаука рече дека нејзината работа во Сентебале била „водена од принципите на правичност и еднаков третман за сите“.