Принцот Хари: Ни ја отстранија полициската заштита за да нѐ спречат да одиме во САД

319

Принцот Хари по сослушувањето за отстранување на полициската заштита рече дека тоа е направено во обид да се спречи тој и неговата сопруга Меган да ја напуштат Велика Британија и да започнат нов живот во Соединетите држави.

Во изјавата за британски Телеграф, војводата од Сасекс рече дека било тешко да се прифати одлуката кога му била соопштена, сугерирајќи дека е донесена поради несогласувања со неговиот татко, кралот Чарлс.

Тој посочи дека ќе му биде тешко да му го прости третманот што го претрпе, додавајќи дека неговите „најлоши стравови биле потврдени“ со тајни докази што ги слушнал на суд.

ИЗДВОЕНИ