По неколкумесечна неизвесност, тишина и длабоки пукнатини во британското кралско семејство, еден неочекуван гест даде надеж дека и најстудените врски не се непоправливи. Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, одлучи да му пружи рака за помирување на принцот Хари – можеби не како член на кралското семејство, туку како некој кој знае колку е кратко времето што го имаме со оние што ги сакаме. И сето тоа далеку од очите на јавноста.
Тајна средба која никој не ја очекуваше
Среде семејни тензии и по лична битка со болеста, Кејт Мидлтон, според странските медиуми, одлучила тивко и дискретно да се сретне со принцот Хари за време на неговата неодамнешна посета на Лондон. Додека таблоидите го следеа неговото доаѓање поради правната битка за враќање на неговата безбедносна заштита, во сенките на камерите се одвиваше вистинска драма – не правна, туку семејна.
Хари (40), кој моментално е во САД со сопругата Меган Маркл и нивните деца, минатата недела беше во Лондон, но изворите тврдат дека Кејт (43) тогаш му пришла – решена да не ја пропушти шансата да ја поправи нарушената врска. Иницијативата, наводно, била идејата и желбата на Кејт да „го обедини она што се распаѓа со години“.
Болеста менува сè – и врските и приоритетите
Принцезата Кејт заврши со превентивна хемотерапија и јавно проговори за тоа како болеста го променила нејзиниот поглед на животот – научила дека љубовта и семејството се најважни работи. Откако и кралот Чарлс Трети ја објави борбата со ракот, кралското семејство е, барем на хартија, обединето од страв, но и подалечно од кога било.
Според извори блиски до палатата, Кејт е длабоко погодена од отуѓувањето на нејзините деца – принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6) од децата на Хари: Арчи (5) и Лилибет (3), кои живеат преку океанот.
„По сето она низ кое помина, Кејт чувствува дека животот е премногу краток за семејни караници“, изјави неименуван извор за RadarOnline.
Тишината на Вилијам – Отпор што не попушта
Додека Кејт се обидува да ги закрпи скршените парчиња, принцот Вилијам продолжува да држи дистанца. Неговиот однос со Хари е затегнат откако Хари и Меган решија да се повлечат од кралските должности и да им откријат на медиумите интимни детали за нивното семејство.
Наводно, Вилијам дури размислува да им ги одземе титулите на Хари и Меган кога тој еден ден ќе го преземе тронот – особено ако се остварат гласините за документарен филм што тимот на Хари би можел да го сними за принцезата Дијана.
Пресвртна точка за помирување
Интересно, посетата на Хари се совпадна со патувањето на Вилијам во Париз со Џорџ – тие ја гледаа Астон Вила во Лигата на шампионите – што и остави на Кејт доволно приватен простор за потенцијален разговор со Хари, без неговиот постар брат. Дали средбата била навистина лице в лице, или само телефонски, останува непознато, но се знае дека иницијативата постоела.
Кејт не се откажува, нејзиното семејство е свето
Додека Хари се бори да ја врати безбедноста во Британија и размислува да ги врати Меган и децата да ги посети, обидите на Кејт да ја заздрави врската може да претставуваат пресвртница. Можеби немаше веднаш спектакуларно помирување, но пораката е јасна – каде што има волја, има и начин.
Зашто, кога некој ќе преживее болест, јасно му е дека најголемите победи не се политички, правни или медиумски – туку оние што ги добиваме во кругот на семејството, на маса, со поглед, со простување.
Некогаш ти треба цел свет да ти се сруши, да сфатиш колку ти значи личноста која некогаш седела до тебе.