Принц од Врање не е педофил – случајот е пријавен во полицијата – Сајбер-криминал на адресата на српскиот претставник на Песна на Евровизија 2025

1167

На социјалната мрежа „Икс“ се појавија шокантни пораки и муабети за кои се тврди дека Принц од Врање наводно ги праќал на девојчињата.                          – Колку години имаш срце? Ааааауууу само 6 ?!

Победата која пред неколку дена му се случи на атрактивниот и тетовираниот, долгокосиот пејач Принц од Врање (Стефан Здравковиќ) со баладата „Мила“, а кој инаку ќе ја претставува Србија на Евровизискиот избор во Швајцарија, предизвикува голем број контроверзни коментари. Сите тие коментари и разновидни озборувања пејачот ги прифаќа како составен дел од бесплатен маркетинг во шоу-бизнисот, а кои му одат во прилог. Само една единствена работа го направи сосема нервозен и многу лут.

Тоа е гадната измислица за него дека е педофил!

За Принц од Врање сега кружат некои такви разни пикантерии. На социјалната мрежа „Икс“ се појавија шокантни пораки и муабети за кои се тврди дека Принц од Врање наводно ги праќал на девојчињата.                                                                              -Колку години имаш срце? Ааааауууу само 6 ? Лелеееее. Што ќе правиме јас и ти?

Ваквите гадни муабети дојдоа и до самиот Принц од Врање, на што тој веднаш реагирал, па ги пријавил во полицијата во родното Врање. Долгокосиот пејач изјавил дека се работи за несмасни местенки, веројатно од страната на оние кои не го поднесуваат и него, песната и неговата победа на домашниот Српски избор за Евровизија.

– Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓам и како пеам и како изгледам. Се ми е тоа прифатливо, не можат сите да ме сакаат. Но со тоа што не ме сакаат мислам дека зајдоа.  Да ми напишат дека сум педофил, додавајќи го некој мој измислени муабет со малите девојчиња, тоа е премногу.

Тоа е чист сајбер-криминал! Случајот веднаш го пријавив во Одделението за високотехнолошки криминал при српската полиција. Тие се многу успешни во решавањето на ваквите лоши работи. Морам да се заштитам. Сепак државата ја претставувам на Евровизија пред цел свет, изјавил загрижениот Принц од Врање за српските медиуми.

(Д.М.) фото: архива

 

 

ИЗДВОЕНИ