Принц Хари извојува победа: Доби недвосмислено извинување пред судот

105

Војводата од Сасекс, принцот Хари, успеа да се спогоди во судскиот спор против британскиот издавач News Group Newspapers, кој го издава британскиот таблоид The ​​Sun.

„НГН“ му понуди „целосно и недвосмислено извинување“ на принцот Хари „за новинарите и приватните истражители што тие ги ангажираа за хакирање на телефонот на принцот, следење и злоупотреба на приватни информации“, пренесува Би-би-си.

Тој, исто така, ќе плати „значителна отштета“ бидејќи двете страни ги решија правните барања, изјави адвокатот на Хари, Дејвид Шербон, пред високиот суд.

Оваа спогодба е голема работа и е првпат NGN да признае неправилности против принцот Хари, конкретно со „незаконски активности“ на приватни истражители кои работеле за Sun. Во соопштението експлицитно не се признаваат нелегалните активности на новинарите на Сан, но сепак е голема победа за принцот. Но, има и победа за NGN. Тие го избегнаа најлошото можно сценарио на судење, во кое би бил вклучен самиот врв на корпорацијата.

ИЗДВОЕНИ