„Одметничката“ британска кралска двојка, принцот Хари и Меган Маркл, веќе никаде не се појавуваат заедно. Таа неодамна прошета на црвениот тепих на гала настан, а освен што го привлече вниманието со својот елегантен фустан, многумина забележаа дека нејзиниот сопруг не дојде со неа. Во последно време не присуствуваат на ниту еден собир, а гласините за нивниот развод продолжуваат да кружат.
Меѓутоа, бидејќи повеќе не сакал да молчи за тоа и да слуша такви приказни, принцот решил да ја коментира веста за разводот.
– Очигледно сме ја купиле или смениле куќата 10, 12 пати. Исто така, наводно се разведувавме можеби 10, 12 пати. Па што е со тоа? – рече тој на самитот организиран од Њујорк Тајмс. Иако е навикнат на медиумски наслови, жали за хејтерите од Интернет и дежурните „критичари“ кои многу време поминуваат во наоѓање дупки во бракот во Сасекс:
– Нивните надежи се големи, но тоа не се случува. Па, жал ми е за нив. Искрено.
Но, ова секако не е ново за принцот, бидејќи тој израснал под лупата на јавноста во кралското семејство и има искуство со гласините, како се пласираат на пазарот и какви резултати даваат.
– Сум видел пишувани приказни за мене кои не се базирани на реалноста. Сум гледал приказни за членовите на моето семејство, пријатели, странци, секакви луѓе… И мислам дека кога ќе пораснеш во таква средина, доаѓаш во ситуација да ја доведуваш во прашање валидноста на информацијата, но сфаќаш и што другите луѓе размислуваат за тоа и колку тоа може да биде опасно со текот на времето – заклучи тој.