Приказната за смедеревката од 250 евра во Франција е плод на имагинација и првоаприлска шега

94

Априлили-ли-ли. Сепак веста што ја објави српскиот портал виноиинфо, за некои винарии од Бургундија, поточно од Шабли и Монтраше, полнат шишиња со македонска смедеревка наместо вино од сопствените винарии, е само првоаприлска шега.

„Дека удривме во центарот – медиумите обожаваат да пишуваат за проблемите во винската индустрија – доказ е фактот што многу регионални медиуми доста сериозно ја пренесоа оваа вест, пишува порталот.

Веста што утрово ја објави српскиот портал Вино и фино, а ја пренесоа повеќе српски и македонски медиуми, меѓу кои и Вечер.прес

Како што пишува порталот целата приказна, од почеток до крај, е плод на нивната имагинација. Доколку кај некого сме разбудиле сомнеж за квалитетот и автентичноста на вината од Бургундија со врвен квалитет, би сакале уште еднаш да ги увериме дека барем во однос на автентичноста и колку што знаеме, засега се е во ред, напишаа од виноиинфо.рс.

Со голема радост сакаме да ги информираме нашите колеги во медиумите дека честа на виното од Бургундија и на нашиот драг сосед, Северна Македонија, е целосно зачувана. Не знаеме ниту една винарија која се занимава со такви активности. Не веруваме дека познатите куќи Шабли и Монтраше воопшто би се занимавале со такви практики, ниту пак дека смедеревка, макар и забарикадирана во француски буриња, некогаш би можела да помине како шардоне на непцето и на носот на познавачите“, пишува српскиот портал за вино.

Не постои винарска визба „Газда Ѓоко“ во Мрзенци, се додава.

„Нема ниту енолог Теле Репомаш (читај го ова име на глас). Целата приказна, од почеток до крај, е плод на нашата имагинација. Доколку сме покренале сомнеж за квалитетот и автентичноста на врвните вина од Бургундија, сакаме уште еднаш да ве увериме дека барем во однос на автентичноста и колку што знаеме, засега сè е во најдобар ред“, пишува порталот.

Македонска смедеревка како добра алтернатива за француските вина: Продавана по цена од 250 евра во Бургундија

ИЗДВОЕНИ