Трагичната смрт на популарниот актер Метју Пери на 28 октомври 2023 година го шокираше светот. Најпознат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија Пријатели, Пери остави неизбришлива трага во телевизиската историја.
Околностите за неговата смрт сè уште не се целосно разјаснети, а документарниот филм на Пикок „Метју Пери: Холивудска трагедија“, кој почнува да се прикажува на 25 февруари, би можел да даде одговори на некои прашања.
Што се случило пред неговата смрт?
Неодамна објавениот трејлер открива дека станува збор за реконструкција на настаните кои доведоа до трагедијата, но и приказна за помалку познатата, мрачна страна на актерот кој со години се бореше со зависноста.
Документарецот ја прикажува холивудската актерка Морган Ферчајлд, која во „Пријатели“ ја играше Нора Бинг, писателка на еротски романи и мајката на Чендлер.
„Тоа навистина ги допре животите на луѓето,вели таа во трејлерот, кој првпат беше емитуван од People.
Трејлерот завршува со снимка од Метју Пери и неговите колеги од „Пријатели“, Кортни Кокс и Лиза Кудроу на доделувањето на наградите на здружението на актерите на екранот во 1996 година, а Моника од „Пријатели“ изјавува: „Метју Пери е најсмешната личност на целиот свет“.
Пери почина во својот дом во Лос Анџелес. Неговото тело било пронајдено во џакузи. Тоа утро, Пери бил на пиклбол (игра слична на тенис). Потоа испратил асистент да му изврши некои работи, а кога се вратил околу два часа подоцна, го нашол Пери мртов и повикал брза помош. Иако неговата смрт се смета за несреќен случај, полицијата покрена истрага бидејќи останува отворено прашањето – кој го снабдувал Метју со кетамин.
Неколку лица се уапсени поради нивната вмешаност во заговор за дистрибуција на кетаминот од кој почина актерот. Според обвинението, двајца лекари првично го снабдувале актерот со залихи од кетамин, а кога лековите станале прескапи, тој ги набавил од други извори, меѓу кои и жена позната како „Кралицата на кетаминот од Лос Анџелес“.
Уапсени се Јасвен Санга (41), „Кралицата на кетаминот“, д-р Салвадор Пласенсија (42), доктор Марк Чавез (54) и личните асистенти на актерот Кенет Ивамаса (59) и Ерик Флеминг (54).
Чавез се изјасни за виновен на почетокот на октомври оваа година за нелегална дистрибуција на кетамин и може да се соочи со казна затвор до 10 години.
Салвадор Пласенсија се изјасни за невин, како и сообвинетиот Јасвен Санга.
Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му вбризгувал дрога на Пери, и наводниот посредник, кој рекол дека го набавил кетаминот од Санга, се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.