Пријавете дупка во вашето маало!

52

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците, со цел тие да бидат санирани.

Граѓаните може да го направат тоа преку пријавување на телефонскиот број 076 381-673, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

– Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние досега реконструиравме 17 улици, во моментов се работи на две, тоа се улиците „Елисие Поповски“ и „Блаже Тодоровски“ и следуваат уште неколку за реконструкција. Но, доколку станува збор за одредена дупка, ги повикувам граѓаните да се јават на телефонскиот број, да ни остават точна локација и нашите службеници ќе ја пополнат – истакна Герасимовски.