Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, известија дека е пријавена поставена лажна дневна паркинг карта (ДПК), на која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
– На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства – потенцираат од претпријатието.
Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да известат.
– Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk. Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните – велат од ЈП ПОЦ.