Метеоропатија е феномен кој погодува многу луѓе ширум светот.
Станува збор за серија нарушувања поврзани со одредени метеоролошки услови или нагли промени на времето.
Пред неколку стотици години, таткото на медицината, Хипократ, во своето дело „За воздуот, водите и просторот“ ја истакнал важноста на заштитата на здравјето од штетните ефекти на временските промени.
Тој ги советувал пациентите како да се справат со таквите промени и, во периоди на метеоролошка нестабилност, им забрануваше на пациентите да земаат крв и да ги чистат цревата.
Метеоропатијата се однесува на невровегетативни нарушувања кои се јавуваат во одредени климатски услови.
Тие се карактеризираат со појава на различни групи на симптоми и реакции на промени во еден или повеќе метеоролошки фактори. Колку временските услови беа полоши и понагли промените, проблемите беа поизразени, наведува ХРТ.
метеоропатксите симптоми обично почнуваат да се појавуваат 24 до 48 часа пред промената на временските услови, особено кај осетливите поединци.
Најчестите проблеми поради чувствителноста на временските промени:
– физичка слабост, замор
– лошо расположение, депресија, очај
– напнатост
– несоница или поспаност
– мигрена
– вртоглавица
– депресија, раздразливост или анксиозност
– проблеми со концентрација и бавни реакции (опасни за возачите!)
– болка во пределот на стари лузни и скршеници и разни фантомски болки.