Ракометарите на РК Алкалоид кои беа дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство, беа повикани на свечен пречек од страна на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата Алкалоид, Живко Мукаетов.

На средбата првиот човек на Македонската ракометна федерација им честита на ракометарите и стручниот штаб за добрите претстави на Мундијалот. За важноста во националниот тим тие добија благодарници од компанијата и желби за поголеми успеси.

Алкалоид беше клуб со најмногу претставници на Светското првенство. Од овој клуб Македонија на шампионатот ја претставуваа: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Александар Петковски, Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Марко Стојковиќ.

Освен нив тука беа и селекторот Кирил Лазаров, помошничката Билјана Црвенкоска, кондицискиот тренер Петар Баснарков и физиотерапевтот Тоше Трајковски.

ФОТО: РК Алкалоид

 

 

ИЗДВОЕНИ