При акциска контрола во повеќе угостителски објекти ноќеска во Битола затекнати 20 малолетници – ќе следуваат пријави

117

Акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола направила полицијата од СВР Битола ноќеска половина час по полноќ, при што биле затекнати 20 малолетници.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на планираните активности денеска (13.04.) во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица. Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај“ биле затекнати уште четири деца, при што сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

На 12.04.2025 во 22.10 часот, на улицата „Широк Сокак“ во угостителски објект во Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени од слобода биле две лица на возраст од 21 години, двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај едното лице била пронајдена грутчеста материја.  По расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ