Македонија и Украина ќе воведат либерализација за билатералниот и транзитниот превоз во меѓународниот патен превоз на стоки, односно истиот да се одвива без дозволи. За таа цел, потпретседателите на двета влади, Александар Николоски и Олекси Кулеба потпишаа Протокол за измена на Спогодбата за меѓународниот патен превоз на патници и стока.

Со измените на Спогодбата превозниците од двете земји ќе можат да вршат превоз за/од трети земји врз основа на дозволите што ги разменуваат Македонија и Украина во реципроцитет на годишна основа. Во однос на билатералниот и транзитен превоз со Евро стандард 2, останува да се врши согласно разменетите дозволи исто така на годишна основа.

Вицепремиерот Николоски истакна дека овие измени се во духот на одличните пријателски односи меѓу Македонија и Украина, пред се за зголемување на економската соработка, како и намалување на административните бариери во превозот на добра и патници. Тој ја истакна силната подршка на Владата и македонскиот народ кон Украина и украинскиот народ, потенцирајќи ја подготвеноста за давање на континуирана помош.

ИЗДВОЕНИ