Преведувачката на италијанската премиерка Џорџа Мелони се извини за својот настап на средбата со Доналд Трамп.
Преведувачката на италијанската премиерка Џорџа Мелони се извини откако направи грешка за време на клучниот состанок со Доналд Трамп, што ја натера Мелони да ги преведе сопствените коментари за НАТО и трошоците за одбрана.
Валентина Мајолини Ротбахер, која Мелони ја прекина додека преведуваше за време на состанокот со Трамп во Белата куќа во четвртокот, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ рече дека таквата непријатна ситуација е „најлошото нешто што може да му се случи на преведувачот – ужасна грешка“.
На снимката од состанокот се гледа како Трамп бара од Мајолини Ротбахер превод на одговорот на Мелони на прашањето на италијански новинар за неговата позиција за Украина и воените трошоци. Мајолини Ротбахер изгледа несигурна на снимките, паузира и зема белешки, пред Мелони да ја прекине и директно да му се обрати на Трамп на англиски. Валентина во интервјуто изјавила дека вакво нешто досега не и се случило.
„Жал ми е, прво, што не бев корисна“, рече таа.
„Екстремно важна средба, премиерката имаше право што ме прекина“
„Премиерката Мелони беше апсолутно во право што ме прекина – тоа беше исклучително важен состанок, на кој секој збор имаше тежина“, рече Мајолини Ротбахер. „Таа сакаше Доналд Трамп совршено да разбере што таа зборува“.
Валентина истакна дека, иако тоа е нејзина прва посета на Белата куќа, има долгогодишно искуство и има работено на бројни состаноци на високо ниво, вклучувајќи ги и самитите на Г20. На својот профил на Линкедин наведува дека преведува од 1991 година.
Таа рече и дека по средбата не разговарала со Мелони, бидејќи веднаш ја напуштила Белата куќа и отишла директно на аеродромот.
Откако Мелони го изрази својот став, Трамп рече дека не го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за одговорен за војната во Украина, но додаде дека „не е многу ентузијаст поради фактот што оваа војна воопшто започнала“.
Еден ден подоцна, во Рим, Мелони се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс.
‘Wait, I will do it’ – Meloni interrupts White House interpreter to translate for herself during Trump meeting pic.twitter.com/cGNyQMKMrL
— Viory Video (@vioryvideo) April 18, 2025