
Високи функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе отпатуваат за Саудиска Арабија за да се сретнат со украинските претставници, објавија денеска американските медиуми.
Според „Фокс њуз“ и „Аксиос“, средбата треба да се одржи во среда во Ријад.
Исто така, објавено е дека американскиот државен секретар Марко Рубио и други официјални лица ќе отпатуваат во Ријад во вторник и ќе се сретнат со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во меѓувреме, Зеленски на социјалната мрежа Х изјави дека „украинските и американските тимови продолжуваат да работат и се надеваат дека ќе имаат значаен состанок следната недела“, пренесува Танјуг.