Вештачката интелигенција станува се поприсутна во нашите животи, а нејзиниот потенцијал секојдневно се шири во нови сфери. Еден од најновите примери на иновативни апликации на вештачката интелигенција доаѓа од светот на модата.

Брендот Syntilay претстави влечки кои се дизајнирани целосно со помош на алатки за вештачка интелигенција и произведени со 3D печатење.

Обувките што ги нуди Syntilay се необични и со футуристички изглед, а процесот на производство започнува со скенирање на стапалата на купувачот преку мобилен телефон. Овој персонализиран пристап гарантира дека секој пар е уникатен и прилагоден на специфичните потреби на стапалото.

По скенирањето, основниот дизајн на влечките се развива со помош на алатката Midjourney, а потоа скицата се пренесува на Vizcom AI, кој генерира 3D модел и додава детали како текстури и шаблони. Цената на еден пар од овие иновативни влечки е 150 долари.

Коментарите на социјалните мрежи на брендот веќе почнаа да пристигнуваат, а многумина се импресионирани од оваа иновација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Weiss (@benmweiss)

Основачот на Syntilaya, претприемачот Бен Вајс, доби поддршка од Џо Фостер, ко-основач на познатиот бренд за обувки Reebok, што на идејата и даде дополнителен кредибилитет. Иако брендот е американски, процесот на 3D печатење на влечките се спроведува во Германија, каде што за секој клиент поединечно се прави персонализиран пар. Влечките доаѓаат во пет различни бои: црна, сина, портокалова, црвена и беж, а целиот процес на производство трае околу три недели.

Syntilay е вистински пример за тоа како технологијата и вештачката интелигенција можат да влезат во секојдневната мода и да го променат начинот на кој ги доживуваме обувките.

Употребата на 3D печатење и персонализација според специфичните потреби на корисниците ја отвора вратата за нови можности во индустријата за обувки, која сега, благодарение на вештачката интелигенција, влезе во сосема нова фаза.

ИЗДВОЕНИ