Претседателот на МАНУ Живко Попов: Подобрувањето на односите со администрацијата на Трамп му дава надеж на македонскиот народ за поддршка во спорот со Бугарија

109

Подобрувањето на односите со администрацијата на Трамп му дава надеж на македонскиот народ за поддршка во спорот со Бугарија, порача денеска академик Живко Попов во својот извештај на годишното Собрание на МАНУ. Во таа изјава тој рече дека европскиот пат е нашата единствена правилна и реална опција.

-Подобрувањето на односите со администрацијата на Трамп во секој случај е нешто многу позитивно и не треба да се занемари. Ова му дава надеж на мнозинството македонскиот народ дека може да добие одредена поддршка во решавањето на билатералниот спор со Бугарија и во подобрувањето на односите со Брисел – потенцира Попов.

Тој додаде дека во однос на спорот со нашите соседи имаме „одличен предлог со планиран одложен ефект“ на уставните измени, што е солидна основа за компромис.

Попов најави дека во текот на оваа година МАНУ ќе избира нови членови.

-МАНУ ќе се залага за зајакнување на својот мултиетнички карактер и присуството на малцинствата во своите редови, рече претседателот Попов. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ