Обвинителството во Јужна Кореја објави дека отворило кривична постапка против претседателот Јун Сук Јеол под обвинение за предавство.
– Поднесени се бројни претставки. Отворањето на случајот и доделувањето статус на осомничен е во согласност со процедурата – изјави Парк Се-Хјун, која раководи со специјалниот истражен штаб во врска со прогласувањето на вонредната состојба минатата недела, пренесува Јонхап.
Тој појасни дека обвинителите го истражуваат Џун поради сомневање за предавство и злоупотреба на службената положба.
Корејските медиуми објавија дека полицијата го уапсила поранешниот министер за одбрана Ким Џонг-хјун како дел од истрагата за обвиненијата за предавство и обид за бунт.
Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол најави воведување вонредна состојба во земјата на 3 декември. Одлуката е донесена откако опозициската „Демократска партија“ во собраниската комисија за буџет набрзина го одобри скратениот предлог-буџет и поднесе решенија за импичмент на претседателот на Сметковната комора и на главниот обвинител.
Националното собрание на Јужна Кореја гласаше за резолуција со која се бара укинување на воената состојба, по што Џун ја повлече својата одлука.