Италијанскиот претседател Серџо Матарела вечерва бил примен во болница на закажана операција за да му се вгради пејсмејкер, дознава Анса.
Матарела е хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“ во Рим поради вградување пејсмејкер, соопштија медицински извори, објаснувајќи дека неговата состојба е добра.
Претседателската палата соопшти дека Матерала денеска работел и го примил премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ, кој е во официјална посета на Италија, пренесува Танјуг.