Претседателот на Аргентина е уверен: Јас, Мелони, Трамп ќе ја промениме визијата за светот

242

Аргентинскиот претседател Хавиер Милај изјави дека тој, италијанската премиерка Џорџа Мелони и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја променат визијата за светот, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Според Милеј, со социјализмот „кој е како рак“ е завршено.

„Социјализмот е феномен кој осиромашува и се храни со завист, омраза, злоба. Нашите непријатели се социјалистичките идеи и левицата“, рече тој во интервју за италијанскиот ТВ канал Rete 4.

Како што изјави Милеј, Кина не е непријател, таа има свои особености и работи на премин од комунистички систем во послободен систем.

„Ние во Европа разговараме со Џорџа Мелони, со која имам одлично пријателство. Она што најмногу ме фасцинира кај неа е нејзината храброст. Таа е навистина храбра жена со голема флексибилност во тешки ситуации“, изјави аргентинскиот лидер и додаде дека има одлични односи со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со милијардерот Илон Маск.

Милеј рече дека Маск делува како негов спасител, „кого може да го спореди со Микеланџело и Леонардо“.

Аргентинскиот претседател беше поканет на инаугурацијата на претседателот Трамп на 20 јануари и ќе биде првиот шеф на аргентинската држава што ќе присуствува на ваква церемонија, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ