Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на последното збогување со папата Франциск во Рим

142
Фото:Претседателски кабинет
На погребот на папат Франциск во Рим заедно со 130 светски лидери присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Таа рече дека ѝ била пружена голема чест  да учествувам во церемонијата на оддавање немерлива почит и во испраќањето на папата Франциск во вечниот дом.
Неспорно е дека овој скромен човечки џин го обележа векот, храбро чекорејќи по патиштата на милоста, добрината и човечноста.
Си замина со љубов и солзи во базиликата Санта Марија Маџоре, откако го собра и обедини целиот свет, сиот народ, сите верници и верски великодостоинственици, државници, носители на највисоки функции.
Неговите дела совршено соодветствуваа на неговите зборови и ставови.
Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет
во решавањето на проблемите на обичните луѓе, но и глобалните проблеми и уживаше огромна почит од сите категории луѓе, од најсиромашните, до најбогатите и најмоќните, напиша таа.
Сиљановска -Давкова не пропушти да спомене дека за време на неговата историска посета на Скопје, папата Франциск нè охрабри нас, македонските граѓани да опстоиме на својот посебен историски, национален и културен пат, неразделен од европскиот, изразувајќи ни разбирање, симпатија и поддршка.
За време на погребот таа имаше можност да се сретне кратко и со американскиот претседател Доналд Трамп и да се поздрави со неговата сопруга Меланија.

ИЗДВОЕНИ