Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска ќе присуствува на погребната миса посветена на папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.
Церемонијата ќе почне во сабота во 10 часот на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, а по богослужбата телото на папата ќе биде преместено во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што ќе се одржи погребот.
Тој ќе стане првиот папа кој ќе биде погребан надвор од Ватикан по повеќе од 100 години откако во својот последен тестамент изрази желба да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.
На последното испраќање на папата е најавено присуство на бројни светски лидери, претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200 илјади верници.