Претседателката на Косово побара од владата да ги прекине увозните давачки за американски производи

48

Косовската претседателка Вјоса Османи побара од косовската влада да ги прекине увозните тарифи за сите американски производи бидејќи „Косово е подготвено за посилни односи (САД), пренсе „Анадолија“.

„Денеска официјално побарав од Владата на Косово да ги прекине царините за увоз на сите американски производи – важен чекор кон продлабочување на економските врски со нашиот најблизок сојузник“, рече Османи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини, вклучително и царина од 10 отсто за стоки од Косово.

„Косово е подготвено за посилни односи со Соединетите Американски Држави, со јасна визија што ќе ги направи двете наши земји посилни, побезбедни и попросперитетни“, напиша Османи на платформата „X“.

Уверена е дека овој потег ќе отвори нови можности за отворање работни места, размена на технологии и долгорочен економски раст.

„Повеќе од само економски потег, ова е цел на надворешната политика, што ја потврдува нашата трајна посветеност на односите Косово-САД, сојуз изграден врз заедничките вредности на слободата и децениската непоколеблива поддршка“, додаде таа.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата издаде нова извршна наредба со која се воведуваат реципрочни царини за земјите ширум светот, вклучувајќи го и Западен Балкан.

Според наредбата, како што објави Белата куќа во објава на платформата „Х“, најниски царини од десет проценти се воведени за стоката што се извезува од Косово, Албанија и Црна Гора во САД.

За стоките од Македонија воведени се царини од 33 отсто, а за оние од Босна и Херцеговина ќе изнесуваат 35 отсто.

Со извршна наредба на американскиот претседател беше воведена царина од 37 отсто за стоки од Србија.

ИЗДВОЕНИ