Претседателката на Европската комисија Усула фон дер Лајен ги откажа сите патување за претстоните две недели бидејќи боледува од пневмонија, јавуваат агенциите.
„Таа боледува од пневмонија. Поради тоа откажа некои обврски за првите две недели од јануари, вклучително со планираниот говор во Лисабон и патувањето во Гдањск, изјави портпарлот на Европската комисија Стефан де Керсмакер.
Фон дер Лајен требаше да патува во Гдањск по повод полското преземање на претседателствово со ЕУ.
Посетата ќе се помести на некој подоцнежен датум, додаде портпаролот.
Германската конзервативна политичарка ги врши „службените должности“ од Хановер, појасни портпаролот.
„Ако се биде в ред, претседатлеката ќе се опорави целосно до средината на месецот“, Фон дер Лајен потоа ќе се врати на работа во својата канцелаија во зградата на ЕК во Брисел.