Маж во Германија украл багер и го однел од Грунсфелд до Таубербишофсхајм (во Баден-Виртемберг). Полицијата се обидела да го спречи, но безуспешно. На крајот го застрелаа. Тој починал на лице место, пишува Билд. Откако украл багер, удрил во возила, оштетил неколку полициски автомобили и повредил тројца полицајци.
Според достапните информации, мажот украл багер од градилиштето на градежна компанија во Грунсфелд околу 13 часот и 35 минути, а потоа тргнал кон Таубербишофсхајм. Неколку полициски патроли се обиделе да го спречат багерот.
„Билд“ пишува дека дошло до размена на оган меѓу напаѓачот и полицијата, во која напаѓачот е убиен.
Засега нема информации кој е човекот кој го украл багерот ниту за мотивите на нападот. Се знае само дека се работи за 38-годишен маж. Уште не е јасно дали мажот работел во градежната компанија на чиј имот направил пустош. Полицијата не верува дека мотивот бил од политичка природа.