Пресврт во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче, Кешишев ја промени изјавата, го амнестира Палчо

222

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил писмена изјава преку затворот, до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна

Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, му се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.

На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев.

ИЗДВОЕНИ