Според истражувањето на Институтот за истражување на јавното мислење ИНСА (INSA), 24 отсто од Германците би гласале за Вајдел да биде нов сојузен канцелар.
Најновите истражувања за расположението на гласачите во Германија покажуваат дека најголема поддршка од јавноста има лидерката на десничарската Алтернатива за Германија, Алиса Вајдел.
Анкетата покажува дека 24 проценти од Германците изјавиле дека би гласале Вајдел да биде нова федерална канцеларка.
Вајдел има четири отсто предност пред Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Во западниот дел на Германија, Вајдел и Мерц имаат поддршка од 22 проценти, додека во источниот дел на земјата лидерката на АфД има рејтинг од 36, а лидерот на ЦДУ – 16 отсто.
Анкетата покажува дека канцеларот во заминување и лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Олаф Шолц има поддршка од 15 проценти од гласачите.