Пресуда за случајот Пелико: 20 години затвор за Французинот кој ја подведувал сопругата – осудени 50 силувачи

207

Судот во Авињон на максимална затворска казна од 20 години го осуди Доминик Пелико, поранешниот сопруг на Жизел Пелико, кој со години ја дрогирал сопругата и ја подведувал на различни мажи. Тој ќе може да го напушти затворот само откако ќе отслужи две третини од казната.

Заедно со него, на обвинителна клупа беа дури 50 луѓе во процес без преседан по обем. Тие се осудени на казни од 3 години, од кои две се условни до 15 години затвор, во зависност од улогата што ја имале во овој колективен криминал. Казните се помали од она што го бараше обвинителот, па насобраните членови на здружението за заштита на жените пред судот го изразија своето незадоволство.

Пеколот низ кој помина Жизел Пелико траеше од 2011 година до 2020 година, кога беше уапсен нејзиниот сопруг. Темното сценарио било такво што Доминик секој пат ја зашеметувал сопругата со опијати што ги купувал во аптека, додека силувачите ги наоѓал на Интернет. Таа не била свесна за ништо. Поради се имала големи здравствени проблеми, страдала од несвестица, ја изгубила меморијата, но лекарите не можеле да ја откријат причината. Во околината, нејзиниот сопруг, кој ја криел својата вистинска природа, се сметал за добар сосед.

Во момент на изрекувањето на пресудата во судницата беше и Жизел заедно со своите деца.

Меѓу осудените има мажи од различни социјални статуси и занимања, на возраст од 26 до 73 години. Пронајдени се и илјадници видео снимки и фотографии од силувањата, бидејќи првообвинетиот снимал сè. За време на судењето, Доминик Пелико и се извини на сопругата за болката што и ја предизвикал.

ИЗДВОЕНИ