Престрелка на Бит Пазар, еден потешко повреден

103

Вооружен инцидент се случил попладнево во близина на полициската станица „Бит Пазар“ во Скопје. На терен се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош, a sпоред првичните информации, едно лице завршило со потешки повреди и моментално се наоѓа на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР велат дека полицајци излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица.

-Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, појаснија од МВР.

Според дел од медиумите на албански јазик во земјава, ранет е 30-годишник од Арачиново, со повеќе рани на главата и градите. Неофицијално, претходна расправија довела до немилиот инцидент. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ