EPA-EFE/ANDY RAIN

Со само 17 години и 347 дена, Лук Литлер стана најмладиот светски шампион во историјата на пикадото. Сега има 18 и го живее својот сон на врвот од светот, но со големата слава доаѓа и голема одговорност. Сензационалниот тинејџер полека почна да го учи ова, губејќи со 6:4 во четвртокот, на отворањето на првенството во пикадо во Премиер лигата, од Мајкл ван Гервен.

Токму Ван Гервен, најдобриот играч во пикадо во светот од 2014 до 2021 година и трикратен светски шампион, го критикуваше Литлер пред нивниот дуел. Имено, најдобрите светски играчи, пред почетокот на турнирот, требало да се фотографираат заедно, но 18-годишниот Литлер доцнел повеќе од 45 минути бидејќи се успал. Тоа ги налутило неговите колеги и ривали, кои речиси цел час мрзнеле на студот чекајќи го да се појави.

  • Доцнеше 45 минути. Треба да престанете да се однесувате со него како да е бебе. Тој веќе не е бебе, има 18 години! Може да се случат такви работи, но тој мора да ја научи лекцијата на потешкиот начин. Ова е професионален спорт, секој е одговорен за своето однесување. Многу е едноставно. Ако доцни на интервјуа, нема проблем, но сега го чекаа седум луѓе. Тоа не е убаво, нели? – прокоментира Ван Гервен.

ИЗДВОЕНИ