Во Вишиот суд во Белград денеска е рочиштето на мајката и таткото на момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и чуварот на училиштето. Прво сведочела ранетата наставничка Татјана Стевановиќ, а потоа дадилката, а како што пишува српски Курир во судницата било тензично.
„Премногу дрскост за злосторството што се случи“, вели извор близок до случајот, додавајќи дека на судењето дадилката зборувала за момчето кое го извршило злосторството минатиот мај.
„Таа рече дека момчето убиец е добро момче и дека никогаш не забележала ништо необично кај него“, додал изворот.
Сведочењето на дадилката било тешко да го поднесат некои родители на убиените деца. Некои од нив плачеа на денешното рочиште и беа видно вознемирени кога дадилката изнесе детали од животот на семејството на момчето убиец.
Експерт за ДНК кој работи во МВР на Србија го заврши денешното сведочење против обвинетите, мајката и таткото на момчето убиец, каде ги презентираше доказите и анализите што ги направила за овој случај. Инаку, истиот експерт за ДНК работел и на случајот со Тијана Јуриќ, која беше брутално убиена во јули 2014 година.