Премиерот на Гренланд ќе се сретне со кралот на Данска, по изјавите на Трамп за територијални претензии,

50
EPA-EFE/Christian Klindt Soelbeck

Премиерот на Гренланд Муте Егеде денеска во Копенхаген ќе се сретне со данскиот крал Фредерик, откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна територија на Данска.

Трамп, кој официјално ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, вчера изјави дека нема да ја исклучи можноста за воена или економска акција против Данска со цел Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави, пренесе Ројтерс.

Истиот ден, неговиот син, Доналд Трамп Џуниор, беше во приватна посета на Гренланд.

ИЗДВОЕНИ