Премиериот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски ја посетија машката сениорска ракометна репрезентација која се подготвува за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тие имаа можност да поразговараат со играчите и селекторот Кирил Лазаров и притоа им посакаа успех на престојниот мундијал на кој ние во првата фаза имаме средби со Холандија, Унгарија и Гвинеја.
Воедно селекторот Лазаров во знак на благодарност за поддршката му подарил персонализиран дрес на премиерот Мицкоски.