Премиерно прикажана претставата за деца „Дедо Мраз во веселата шума“ 

52

Театар Куманово, во малата сала на Центар за култура, премиерно ја изигра претставата за деца „Дедо Мраз во веселата шума“.

Претставата е напревена целосно од сопствени финансиски средства и екипа од вработени во театарот.

Режијата е на актерката Кети Дончевска-Илиќ, драматизацијата на Зоран Зафировски, а играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски.

Сите до сега закажани репризи до крајот на годината се распродадени, што само го покажува големиот интерес од страна на публиката. Доколку се бара некој изведба повеќе, екипата ќе излезе во пресрет на заинтересираните.

Сценографијата е на Крсто Богојевски. Костимите се на Дарко Илиевски и Нина Максимова.

ИЗДВОЕНИ