Премиерката на Данска до Трамп: Останува на Гренланд да одлучи за независноста

17
Фото:EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека телефонски разговарала со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му кажала дека останува на Гренланд  да одлучи за независноста.

„Премиерката во разговорот се осврна на изјавите на претседателот на Парламентот на Гренланд, Муте Б. Егеде, дека Гренланд не е на продажба“, се вели во соопштението од канцеларијата на Фредериксен, пренесе Ројтерс.

Премиерката истакна дека останува на самиот Гренланд да донесе одлука за независност“, се вели во соопштението.

Фредериксен, исто така, ја истакна важноста од зајакнување на безбедноста на Арктикот и дека Данска е отворена за преземање поголема одговорност, се додава во соопштението.

Трамп, кој стапува на должност на 20 јануари, минатата недела изјави дека американската контрола на Гренланд е „апсолутно неопходна“ и не ја отфрли можноста за користење воена или економска акција како тарифи против Данска за да се постигне тоа, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ