Премиера на краткиот филм „За Ева“ во киното „Фросина“

27

Вечерва (20 часот), во киното „Фросина“ при МКЦ ќе се одржи премиера на краткиот филм „За Ева“.

Режисер на филмот е Бојан Василев, кој е автор и на сценариото заедно со Андреј Насков. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев, шминката е на Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.

Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.

Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Поради голем интерес за филмот ќе се одржи и втора проекција од 21.00 часот.

ИЗДВОЕНИ