Преку ДНК анализа се утврдува идентитетот на почината жена пронајдена во Вардар

85

Пред пет дена во водите на реката Вардар во Зелениково беше пронајдено тело на женско лице, заглавено во гранки.

Настанот беше потврден од МВР, а телото било извадено од страна на екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.

Според првичните неофицијални информации, станувало збор за жена која одреден период била пријавена за исчезната.

Во разговор за ,,Фокус”, семејство на скопјанка по која се трагаше изминативе два месеци, открива дека во тек е ДНК анализата, со цел да се утврди идентитетот на починатата жена, но додека се во исчекување на резултатите, не можат да даваат изјави во врска со случајот.

-Дадовме примерок за ДНК анализа, ги чекаме резултатите. Официјално, ништо не можеме да коментираме се додека не биде завршена целата процедура, вели роднина на жена која се води за исчезната.

ДНК тестот, или генетскиот профил, е процес на одредување на карактеристиките на ДНК на поединецот, односно се врши идентификација. Во случајов, се прави споредба со ДНК профилот од починатото лице, со примероци за споредба од биолошки сродници. Се очекува резултатите од анализата да бидат готови за неколку дена.

ИЗДВОЕНИ