Преку ден газдарица, навечер подведувачка

Која е жената макро од Бразил која тргувала со женски тела во Скопје

207

Жената макро од Бразил која била главна подведувачка во борделот за ескорт девојки сместени во два стана во зградата на Џевахир, имала регулиран престој во земјава како сопственичка на фирма, информираат од МВР за весникот ВЕЧЕР. Преку ден газдарица, навечер пречекувала гости кои уживале во сексуалните услуги на петте бразилки на возраст од 26 до 38 години. Девојките чии услуги уапсените ги нуделе преку интернет страници за таа намена, во моментов со нивна согласност се сместени во прифатен објект, согласно процедурите за постапување со жртви на трговија со луѓе. Ескорт девојките биле продавани за 800 евра од ноќ.

,,Првоосомничената ги контролирала интернет профилите на девојките, контактирала со клиентите, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра за три часа и 800 евра за цела ноќ за сексуални услуги. За екстра услуги за наплатувала 70 евра и повеќе и гарантирала за безбедноста на девојките. За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката што ја делела со второ и третоосомничениот кои пак организирале прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките, соопштија МВР детали од акцијата. Илјадниците евра кои ги заработувале преку нелегалната  проституција жената-макро ги испраќала на лица во Португалија и Бразил. Од МВР за весникот ВЕЧЕР не споделуваат информации по прашањето дали се лоцирани крајните профитери на чија сметка легнувале повеќе од 26 илјади евра. Велат дека доколку е потребно ќе биде побарана помош од европските истражни агенции и странски министерства за внатрешни работи со оглед на тоа дека пари биле уплаќани и на сметки во Норвешка и Португалија. Полицијата во акцијата уапси четворица, за кривични дела – „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Организирале, врбување, прифаќање, превезување и сместување на бразилките во двата стана во Џевахир. На страницата девојките имале креирани еден или повеќе профили на кои имало телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги и фотографии со експлицитна содржина. Од полиција за ВЕЧЕР велат дека проституцијата ја откриле со оперативни мерки и активности, не откриваат дали бил употребен и прикриен агент во истрагата, со оглед на тајноста во сторувањето на кривичното дело.

Придружбата од Бразил скапо го чинела

Четвртоосомничениот кој има 23 години се зближил со една од девојките и често ја носел како придружба на патувањата во Лондон и Рим. Ескортот го чинел и по 5000 евра од патување, а откако ја придобил, со парите од ,,продавањето на љубов,, почнале да тргуваат со крипто валути и на тој начин ги переле парите   Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје им определи притвор на уапсените. Полицијата при пет претреси во нивните домови и простории во Скопје и Куманово пронашле 10 мобилни, седум СИМ картички, лаптоп, два пиштола, девизи, договорот за борделот, потврди за брз трансфер на пари. Доказите кои се дадени на вештачење е доказен материјал на истрагата. (П.А)