Преку апликацијата Т4А (Патарина за сите) ќе може да се плаќа и паркирање

69

Апликацијата Т4А (Патарина за сите) e уникатна електронска наплата во регионот и истата е достапна за преземање на уредите со Android и iOS.

– Со апликацијата Т4А ќе можете да уживате во сите функции што ви ги подготвивме, како и на полесен и побрз начин да пристапите до сите потребни информации до кои сте имале пристап до сега преку веб-страницата на Т4А – се наведува во известувањето „Путеви Србије“ за корисниците.

Заедничката електронска наплата „Отворен Балкан ЕТC“ во април 2024 година прерасна во иницијатива и платформа „Патарина за сите“ и освен Србија, ги вклучува и Македонија и Црна Гора.

„Патарина за сите“, покрај наплата на патарина, ќе има и нови функционалности, како што се наплата за паркирање, туристички зони и слични услуги, за кои корисниците навремено ќе бидат информирани.

ИЗДВОЕНИ