Прекинот на огнот во Газа одложен во последен момент

53

Стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, закажан за 7 часот и 30 минути утринава, е одложено бидејќи палестинскиот Хамас се уште не доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот, како што бараше Израел, објави  француската новинска агенција АФП.

Израел денеска предупреди, помалку од еден час пред да стапи на сила договорот за прекин на огнот со Хамас, дека примирјето нема да започне додека палестинското исламистичко движење не ја предаде листата на заложници кои требаше да бидат ослободени подоцна во текот на денот.

Хамас во соопштението наведе дека има намера да се придржува до договорот, но го призна одложувањето со „давањето на имињата на заложниците да бидат ослободени“ поради „технички причини на теренот“.

ИЗДВОЕНИ