Сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара денеска изјави дека земјата се соочува со обиди да западне во граѓанска војна додека продолжуваат насилните судири во крајбрежниот регион.
Во видео обраќањето Шара рече дека „остатоците од поранешниот режим“ на соборениот претседател Башар ал Асад немаат друг избор освен веднаш да се предадат, пренесе Ројтерс.
Конфликтите во крајбрежниот регион на Сирија избија пред четири дена, а повеќе од илјада луѓе, главно цивили, загинаа во судирите меѓу сириските безбедносни сили и следбениците на поранешниот претседател на земјата, Башар ал Асад.